Општина Аеродром објави повик за пријавување штети од невремето


nevreme-skopje-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули.


Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ

Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата.

Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи:

Важешка лична карта или патна исправа (фотокопија);

Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист);

Фотографии од локацијата по претрпената штета;

Записник од МВР за настанатата штета;

Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK