Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар


5f68d46a-afc3-4f37-9a31-541bacbfcdc8.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар.


„Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир испрати количина вода за пиење со цел да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба“, соопштија од Општината.

Додаваат дека помошта претставува придонес во справувањето со тековните потреби на жителите.

Во соопштението се додава дека Општина Чаир останува во постојана комуникација со локалните власти во Гостивар и е подготвена и во наредните денови да обезбеди дополнителна поддршка, согласно потребите и развојот на состојбата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK