61-годишен гевгеличанец во понеделникот пријавил во полиција дека во нива на место викано „Ќупот“, гевгелиско, пронашол граната. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување ја подигнал гранатата и утврдил дека се работи за граната со калибар 100 мм и дека е од Првата светска војна.