Напад врз партнерка, агресија кон сопруга и мајка, закани кон деца – повеќе случаи пријавени во полиција


depresija-semejno-nasilstvo-depositphotos_381371256_l.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата во изминатото деноноќие евидентирала повеќе случаи на семејно насилство и закани во Охрид, Струга и Скопје, при што две лица се приведени.


Во Охрид, во петокот во 23:10 часот, полициски службеници го привеле П.С. од охридско село, по пријава дека во семејниот дом бил агресивен кон својата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во струшко село, во 16:00 часот, бил уапсен В.К. (55), кој, според пријавата, во семејниот дом физички ја нападнал својата мајка. И против него ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на настанот.

Во Скопје, 41-годишна жена пријавила дека на 14 јули околу 23:30 часот, во дом на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.П. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во уште еден случај во Скопје, Ј.И. (38) пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари Б.О. упатувал закани кон неговите две малолетни деца и замавнувал со рака кон неговиот син. И за овој случај се преземаат мерки за негово расчистување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK