Капитенот на Шпанија, Родри, изјави дека финалето на Светското првенство против Аргентина е „натпреварот на нивните животи“ и порача дека неговата репрезентација мора да влезе на терен со храброст и победнички менталитет.
„Им реков на момците дека мора повеќе да сакаме да победиме отколку што се плашиме од пораз. Со таков дух мора да излеземе на терен“, рече Родри за „АС“.
Тој оцени дека Шпанија во финалето влегува мирно, но свесна дека ја очекува исклучително тежок противник.
„Знаеме дека играме против репрезентација која знае како се освојуваат светски првенства. Ова е натпреварот на нашите животи“, нагласи шпанскиот капитен.
Родри истакна дека Аргентина е силна како колектив и дека неговиот тим ќе мора да одигра комплетен натпревар и во нападот и во одбраната.
„Аргентина сака да ја има топката, агресивна е и има многу квалитетни играчи. Мора да најдеме начин да ги загрозиме со нашите адути“, рече тој.
Посебно внимание, според него, ќе мора да му се посвети на Лионел Меси.
„Најпрво треба да го држиме што подалеку од шеснаесетникот, а кога ќе го чуваме, мора да бидеме блиску до него. Но Аргентина е многу повеќе од Меси“, изјави Родри, кој го нарече аргентинскиот капитен „најдобриот фудбалер на сите времиња“.
Тој го пофали и Ламин Јамал, нагласувајќи дека особено го цени неговиот придонес без топка и пожртвуваноста за тимот.
Родри на крајот ги повика шпанските навивачи да бидат со репрезентацијата и во финалето.
„Фудбалот ги обединува луѓето и се надевам дека сите ќе нè поддржуваат пред екраните“, порача капитенот на Шпанија.