Маж со автомобил удрил во влезната капија на имотот на Бијонсе и Џеј-Зи


dzej-zi-i-bijonse-depositphotos-cropnata.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шеесет и тригодишен маж во средата со автомобил удрил во влезната капија на имотот на Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон. Според полицијата, возачот изгледал дезориентирано, не застанал пред затворената капија и со поголема брзина продолжил по патoт.


Тој бил уапсен, а потоа пренесен во болница. Против него е поднесена пријава за неовластен влез на приватен имот и предизвикување материјална штета.

Од полицијата соопштија дека 63-годишникот нема криминално досие и дека не упатувал закани ниту ги спомнувал сопствениците на имотот. Според истражителите, можно е случајно да завршил токму пред куќата поради здравствен проблем.

Истрагата покажала дека непосредно пред инцидентот застанал пред друга куќа во истата улица, каде што барал жена со одредено име. Откако му било кажано дека таа не живее таму, продолжил понатаму.

Во неговиот автомобил не биле пронајдени оружје ниту заканувачки пораки, а полицијата сè уште утврдува дали воопшто знаел чиј е имотот.

Бијонсе и Џеј-Зи го купија луксузниот имот со седум спални соби во 2017 година за 26 милиони долари. Нивните претставници засега не го коментираа инцидентот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK