Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД


tramp-depositphotos_785548384_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на САД одлучи да го скрати престојот на странски студенти и новинари во Соединетите Американски Држави, според владин документ објавен денес. Ова е нов чекор во исклучително рестриктивната имиграциска политика на сегашните власти.


Според новите правила, кои треба да стапат во сила во рок од два месеци доколку бидат одобрени од Конгресот, на странските граѓани кои имаат студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска почва повеќе од четири години.

Престојот на странските новинари би се скратил на максимум 240 дена, или околу осум месеци, со можност за аплицирање за продолжување за периоди со исто времетраење.

Кинеските новинари само 90 дена
Кинеските новинари ќе бидат предмет на особено рестриктивна рамка, па нивните визи ќе бидат ограничени на само 90 дена.

САД досега издаваа визи за студенти за време на траењето на нивните студии, а за новинари до пет години, пишува Франс Прес.

Новата мерка, предложена од владата минатата година, ќе влијае на новинарите акредитирани во стотици странски медиуми во САД.

Бројни меѓународни медиуми предупредија во отворено писмо дека одлуката ќе „го намали обемот и квалитетот на известувањето“ за актуелните настани во САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK