(Видео) „Мицкоски го спаси Груевски за ‘Талир 2’ и го врати криминалниот имот“, вели Кузеска


bogdanka-kuzeska-sdsm.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО. „Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.


„Реформи во правосудството нема. Правда нема! Има криминална власт. Сега на сите граѓани им е јасно зошто ја тргнаa Ленче Ристовска, зошто и беа одземени овластувања, зошто таргет беа судии и обвинители, сите поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“.

На сите им е јасно зошто беше поставена обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијаков, зошто се менуваат и се назначуваат судии блиски до Мицкоски.

Кога беа во опозиција, ВМРО постојано ја напаѓаше судијката што го водеше предметот и бараше нејзино разрешување, јавно вршејќи притисок. Како власт им успеа.

Прво се отстрани обвинителката која со години ги водеше предметите за незаконското финансирање и криминалниот имот на ВМРО.

Потоа се постави обвинителство по мерка на власта, на телефонска линија со Мицкоски.

Како што Мицкоски им диктираше насоки по телефон, како што им делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија.

Ете така.

Сега Груевски – човекот кој избега во Унгарија и понатаму продолжува да ужива, без да се соочи со одговорноста само поради Христијан Мицкоски.

Мицкоски не бара негова екстрадиција, не ги испраќа документите кои со месеции патуваа од една до друга институциија и никогаш не беа испратени. Намерно.

Ова е свесна заштита на Никола Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија.

Вистината излегува на виделина. Но, наскоро доаѓа времето на правдата и одговорноста. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните.

Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK