„Го ставивме Олисе на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ни во кујната“


14151230.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во кој целосно доминираа, Шпанците славеа со головите на Микел Ојарзабал од пенал и Педро Поро, со што се пласираа во своето второ мундијалско финале во историјата.


Михаел Олисе (24), еден од најдобрите фудбалери во Франција и на целото Светско првенство, не беше на нивото на кое играше во претходните натпревари.

Во шест натпревари, тој намести пет гола и е најдобар асистент на Светското првенство, но по полуфиналето, беше запрен.

Даниел Риоло, новинар во францускиот медиум „RMC“, рече: „Се занесовме. Се зборуваше дека Олисе и Мбапе се најдобриот пар што Франција некогаш го имала. Го стававме Олизс на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ниту во кујната.

Сè што направи досега на турнирот, го направи затоа што имаше време и простор. Но, кога беше притиснат на средината од теренот, сфативме дека класичната десетка не може да преживее во денешниот фудбал.“

„RMC“ наведува дека Олизе немал ниту еден дриблинг и изгубил многу топки, што го направило нервозен. Селекторот Дидие Дешан го извади од теренот во 72-та минута, кога во игра влезе Рајан Черки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK