СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта


sdsm4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ обвини дека додека граѓаните се соочуваат со економски проблеми и ниски примања, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Од партијата наведуваат дека станува збор за станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски, според нив, располага со многу поголеми средства и имот надвор од земјата.


„Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски – човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово. Така изгледа кога криминална организација е на власт. Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра. Организираната криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски како нејзин шеф и денес го слават Груевски. Не бараат негова екстрадиција, ниту ја осудуваат неговата политика на страв и системска кражба на државата. Месеци наназад нема одговор на прашањето дали се испратени документите за негово испорачување. Наместо тоа, Мицкоски продолжува по стапките на својот ментор – носи скапи часовници, купува владини авиони и ја одржува културата на недопирливост и лично богатење на грбот на граѓаните. Се сеќаваме на Мерцедесот од 650.000 евра, наочарите од 60.000 евра и луксузот во кој пловеше Груевски. Денес истото го гледаме и кај Мицкоски, само во понова и поагресивна верзија. Ова не е минато. Ова е сегашноста на ВМРО-ОКГ. Додека народот се бори да преживее, криминалците од минатото и нивните наследници и понатаму се движат слободно. Имотот на Груевски во Македонија е само ситница. Вистинската сума од над две милијарди евра се наоѓа надвор од земјата. Наместо Груевски да биде испорачан и да одговара за изгубените години на цела генерација Македонци, да се конфискува тој имот и тие пари, Владата продава само неколку станови. Така изгледа правдата со Мицкоски и неговата банда. Народот не заборава. И не простува. Наскоро доаѓа време за отчетност. Наскоро доаѓа време за правда. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните. Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело“, стои во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK