Вистинската драма се одвивала во петок наутро на летот на „Рајанер“ од аеродромот во Солун до Минхен. Инцидентот, кој ги шокираше патниците, се случил кратко по полетувањето.
За време на летот, се слушнал силен тресок, по што еден од прозорците на авионот целосно испукал, изјавил еден од патниците за порталот rthess.gr.
Кабината веднаш изгубила притисок, а маските за кислород биле активирани. Според очевидци, најкритичниот момент се случил кога воздухот почнал да го извлекува 61-годишен српски државјанин, кој седел веднаш до скршениот прозорец, пренесува Proto thema.
View this post on Instagram
Телото на мажот било речиси до рамената надвор од авионот, а го спасиле безбедносниот појас, како и патниците кои седеле до него и го влечеле назад, изјавиле очевидци за Радио Солун.
Пилотот веднаш го сменил курсот и побарал итно слетување, а успеал безбедно да го врати авионот на аеродромот во Солун.
Според последните информации, повредениот Србин бил однесен во болница со возило на брза помош поради повреда на вратот. Лекарска помош му е укажана и на бремена жена која е префрлена во болницата „Ипократио“, каде по детален ултразвучен преглед е утврдено дека сè е во ред со неа и бебето и таа е пуштена дома, пренесува Euronews.