Лука Дончиќ привлече големо внимание на социјалните мрежи само со една фотографија со своите ќерки Оливија и Габриела.
Познатиот кошаркар Лука Дончиќ го поминува ова лето во Словенија за да биде што е можно повеќе време со своите ќерки Оливија и Габриела. Откако ја раскина долгогодишната врска со Анамарија Голтес, таа се пресели во Европа со своите деца.
Luka Dončić sa ćerkama pic.twitter.com/NlxVzWlyjV
— Likeaboss (@Instastory88) July 9, 2026
Со оглед на тоа што поради семејни обврски не беше со словенечката репрезентација, Лука сега покажа како го поминува времето со своите ќерки. Покрај емотивната сцена, многу луѓе ја забележаа и неговата промена во изгледот.
Лука видливо ослабе, а се чини дека ја промени и фризурата, па сега има малку подолга коса. Коментарите набрзо почнаа да се слеваат на социјалните мрежи, а луѓето му велеа дека овој променет имиџ многу повеќе му стои.
Дончиќ и Анамарија со години важеа за хармоничен пар, а интересно е што се познаваат уште од детството. Ја започнаа својата врска во 2016 година, па веста за бурното раскинување изненади многумина.