Мицкоски: Изминативе децении направени се многу пропусти и за жал ги немаме сите ресурси на светот за да можеме да ги санираме


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За жал, изминативе децении направени се многу пропусти и за жал ги немаме сите ресурси на светот за да можеме сите тие пропусти да ги санираме. Но, се трудиме да работиме по приоритети еден по еден да ги решаваме, а притоа да не создаваме нови проблеми. Што се вели, да работиме, да го оставиме срцето на терен. Кој работи понекогаш и греши. Јас сакам однапред да се извинам за понекоја грешка којашто ќе се направи во текот на работењето. Не греши само оној којшто ништо не работи.


Ова го изјави премиерот, Христијан Мицкоски, за време на неговата посета на Општина Битола.

Тој вели дека во политиката има такви кои се навикнати на гледање сеир и вели дека тие секогаш ќе останат на маргините на политичката сцена.

„Во политиката има и такви, коишто се навикнати на гледање сеир, наместо да ги засукаат ракавите и да направат нешто за граѓаните. Но, тие ќе останат секогаш на маргините на политичката сцена и ќе бидат дел од естрадата, а ние коишто сме ги засукале ракавите и сме влегле во решавање на проблемите, ќе продолжиме и понатаму да работиме и однапред се извинувам ако во тој процес на работа ќе се создаде и некоја грешка, ќе се направи некоја грешка, не била намерна. Ќе се потрудиме да такви грешки има се помалку, а тие коишто ќе се случат да ги поправаме“, рече Мицкоски.

За време на посетата, Мицкоски кажа дека Битола е еден од главните приоритети на Владата и дека ќе остане да биде еден од владините главни приоритети.

„Дел од проектите ги споменаа претходните говорници, но тука пред сè сакам да го споменам автопатот којшто забрзано се гради, којшто треба да ги поврзе Битола со Прилеп. Но, и исто така, сериозно се размислува и очекувам многу скоро да почнеме и со реализација на уште едно решение, а тоа е експресно поврзување на Битола со граничниот премин Меџитлија со што драматично ќе се забрза движењето и ќе се растерети градот од гужвите коишто се случуваат“, рече Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK