Уапсен возач, на патот Гостивар–Тетово возел со брзина од 168 километри на час


policija-lisici.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 18:15 часот на патот Гостивар–Тетово, на клучката кај село Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Б.С.(32) од с.Глумово, скопско.


При контрола на патниот сообраќај и мерење со радар, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки, било констатирано дека го управувал возилото со брзина од 168 километри на час на место каде што дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.

Б.С. задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK