Стојаноски: Владините мерки преземени за време на енергетска криза дадоа резултати


stojanoski-09.07.2026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза, дадоа резултати, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.


„За време на енергетска криза, кога цените на светско ниво рушат рекорди, во Македонија состојбата е контролирана и стабилна. Наспроти сите прогнози на опозицијата и нејзините сателити, според Државниот завод за статистика инфлацијата се намали и на годишно ниво и во јуни изнесува 3,4%. Споредено со месец мај, инфлацијата забележува намалување од 0,5 проценти, додека, пак, индексот на цените на мало во јуни бележи намалување за 0,8%. Тоа е што претставува посебен успех фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1% – бројки во услови на најголемата енергетска криза“, рече тој.

Според Стојаноски, ова значи дека цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалоци се држат на стабилно ниво и додаде дека владата презема заложби и мерки тие уште дополнително да бидат стабилизирани.

„Тие што сакаат да креираат лажна перцепција во јавноста уште еднаш се поразени од бројките. Овие резултати, кои не се само бројки и проценти, туку реалната слика и состојба во државата, се потврдени и од релевантните институции, како што е и Државниот завод за статистика. Тоа што претставува посебно задоволство, е што сето ова е резултат на работата и добро проектираните и применети економски мерки на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Додека светот се соочуваше со високите цени на нафтените деривати, благодарение на брзата реакција на Владата, Македонија го одржа нивото на најниски цени на енергенсите во регионот. Успешното спроведување на владините мерки за енергетската криза, своевремено, го потврди и ММФ, кој посочи дека Македонија е во топ трите земји по преземените мерки за ублажување на ценовниот шок на горивата“, рече Стојаноски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK