Батум по 18 години во НБА се враќа во Европа


depositphotos_308878636_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од најдобрите француски кошаркари во 21 век наскоро би можел да стане нов играч на Асвел.


Според информациите на подкастот „Бекдор“, Никола Батум е блиску до договор со тимот од Вилербан. Нема сомнение дека тоа би бил огромен поттик за долги години еден од најлошите тимови во Евролигата, кој има огромни амбиции во следната сезона.

Доаѓањето на долгогодишниот репрзентативец на „триколорите“ би било едно од најзначајните враќања во европската елита во последните неколку години, и покрај фактот дека одличниот крилен играч ќе го прослави својот 38-ми роденден во декември.

Батум ја започна својата кариера во Ле Ман, а во 2008 година беше избран од Портланд на 25-та позиција на драфтот. Во најсилната лига во светот помина 18 сезони во дресот на Треилблејзерс, Шарлот, Филаделфија и ЛА Клиперс, со 1.205 одиграни натпревари и 9,6 поени, 4,7 скока и 3 асистенции во просек.

Со репрезентацијата, тој освои дури седум медали на големи натпреварувања, а најчесто беше клучениот играч – злато на Евробаскетот во 2013 година, сребро на Олимписките игри во 2020 и 2024 година, како и на Европското првенство во 2011 година. Тој стигна до бронза на Мундобаскетите во 2014 и 2019 година, како и на Европското првенство во 2015 година.

Поради драстичното зголемување на буџетот, Асвел ќе влезе во следната сезона со многу посилен тим. Новодојденци во градот на Рона се Силван Франциско, Даниел Тајс, Армони Брукс, Ник Вајлер-Беб и Џоел Боломбој… засега.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK