Алваро Арбелоа го презеде Фулам


depositphotos_862814322_xl-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Алваро Арбелоа е назначен за нов тренер на Фулам. Шпанскиот тренер со клубот потпиша тригодишен договор. Арбелоа на клупата дојде на местото на Марко Силва.


Шпанецот неодамна кратко го водеше Реал Мадрид, каде што го замени својот поранешен соиграч од Ливерпул, Чаби Алонсо, но го напушти клубот на крајот од сезоната.

Арбелоа добро го познава англискиот фудбал бидејќи помина четири сезони во Премиер лигата како играч. Од 2006 до 2009 година го носеше дресот на Ливерпул, а својата кариера ја заврши во Вест Хем во сезоната 2016/17.

За време на презентацијата, Арбелоа не го криеше задоволството од доаѓањето во „Крејвен Котиџ“.

„Вистинска чест е да започнам ова ново поглавје во Фулам, најстариот клуб во Лондон“, изјави тој за официјалната веб-страница на клубот.

„Чувствувам голема одговорност и сум длабоко благодарен на г-дин Кан и Тони Кан за довербата што ми ја дадоа. Едвај чекам да ја доживеам атмосферата во „Крејвен Котиџ“ со навивачите на Фулам и да ја започнам предсезоната со играчите следната недела. Сигурен сум дека ќе уживаме во неверојатно патување заедно. Напред Фулам!“, рече новиот тренер.

Првиот натпревар на Арбело, на клупата на Фулам ,ќе биде на 24 август против градскиот ривал Челзи, кој го тренира неговиот поранешен соиграч Чаби Алонсо.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK