Кинотека на Скопско лето


kinoteka-na-skopsko-leto-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 9 до 17 јули, во соработка со Кинотеката на Македонија, фестивалот „Скопско лето“ ја претставува програмата „Кинотека на Скопско лето“, посветена на македонската филмска уметност. Во текот на седум филмски вечери, публиката ќе има можност да ужива во селекција на значајни македонски филмови од истакнати домашни автори.


Сите проекции ќе се одржат во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:15 часот. Билетите се достапни на karti.com.mk, а ќе можат да се купат и пред почетокот на проекцијата во Кинотека.

Распоредот на проекции е следен:

09.07.2026г. (четврток) – Филмови на Стефан Сидовски – Сидо
10.07.2026г. (петок) – „Најдолгиот пат“ во режија на Бранко Гапо
11.07.2026г. (сабота) – „Хај Гај“ во режија на Владимир Блажевски
14.07.2026г. (вторник) – „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски
15.07.2026г. (среда) – „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски
16.07.2026г. (четврток) – „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски
17.07.2026г. (петок) – „Барајќи ја среќата“ во режија на Марија Џиџева

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK