Швајцарија на пенали ја победи Колумбија со 4:3 и се пласира во четвртфиналето на Светското првенство. Дависон Санчез ја погоди гредата во втората серија, а Кобел го одбрани ударот на кучо Фернандез во четвртата, додека кај Швајцарија пеналот не го реалзиира Мануел Аканџи. Неговиот удар заврши над голот.
Аканџи, по натпреварот, призна дека направил грешка, во клучниот момент ја сменил одлуката каде ќе шутира.
„Му кажав на Мури дека ова е веројатно мојот последен пенал што го изведов. Беше катастрофално.“
Потоа објасни што се случило во моментот на изведувањето на пеналот.
„Се предомислив во последен момент. Најстарото правило вели дека никогаш не треба да ја менувате вашата одлука кога се упатувате кон топката. Јас го направив тоа, се лизнав малку и топката заврши четири јарди над голот“.
Сепак, и покрај големото промашување, тој беше особено воодушевен од реакцијата на тимот.
„Неверојатно сум горд на начинот на кој реагираше тимот. Не одигравме особено добара натпревар, особено во нападот каде што во многу нешта не бевме добри, но бевме исклучително компактни како тим.“
Швајцарија ќе игра против Аргентина во четвртфиналето, на 12 јули во Канзас Сити.
Foto/ EPA