Пенелопе Круз призна дека дури и по повеќе од 15 години брак со нејзиниот сопруг Хавиер Бардем, таа сè уште „учи“ за нивната врска.
Актерката Пенелопе Круз зборуваше за својот брак додека го промовираше својот нов филм „The Invite“ во неодамнешно интервју за People. Тогаш таа се осврна на нејзиниот брак со Хавиер Бардем. Двајцата се сметаат за најнежниот пар во јавноста.
За време на интервјуто, Пенелопе рече дека верува дека комедијата, режирана од Оливија Вајлд и која ја следи динамиката на врската меѓу два пара за време на вечера, е толку блиска до публиката затоа што многу луѓе сè уште откриваат нови работи за своите партнери, без оглед на тоа колку долго се заедно.
„Се чувствувам како сè уште да учам во мојата врска, знаете? А сум со некој што го познавам 33 години“, рече Пенелопе Круз.
„Ја познавам таа личност навистина добро, но дали некогаш доаѓа ден кога навистина ќе се запознаете целосно? Не. Истото важи и за вашиот партнер“, додаде таа.
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем првпат се запознаа во 1992 година на снимањето на шпанската црна комедија „Jamón Jamón“.
Подоцна зборувајќи за искуството за GQ, Бардем рече дека меѓу нив имало „очигледна“ хемија, но дека „ништо не се случило“ во тоа време.
Нивната љубовна приказна започнала дури кога повторно се сретнале на снимањето на филмот од 2008 година „Vicky Cristina Barcelona“.
„Ниту еден од нас не сакал да го направи првиот потег. Не знам дали бевме срамежливи или само се обидувавме да бидеме премногу професионални. Како и да е, дојде последниот ден од снимањето и ништо не се случи. Си помислив: Проклетство! Мора да се опиеме! За среќа, нашата пријателка организираше последна забава по снимањето и, па, останатото е историја. Фала му на Бога“, рече еднаш Бардем.
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, кои се познати по тоа што го чуваат својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, се венчаа на интимна церемонија на Бахамите во јули 2010 година.
Нивното прво дете, синот Лео Енсинас Круз, е родено во јануари 2011 година, додека ќерката Луна Енсинас Круз е родена во јули 2013 година.