Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во населбата Млаки во Гостивар, информира МВР.
Несреќата била пријавена на 6 јули во 23:10 часот во ОВР Гостивар, а во неа учествувале „цитроен берлинго“, управуван од 59-годишниот Р.Ј. од Гостивар, и „сеат леон“, управуван од 70-годишниот О.Р. од Гостивар.
Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците М.С.(64), З.И.(45) и С.Р.(60). Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Со телесни повреди се здобиле и сопатниците Д.П.Г.(59) и П.А.(54), констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар.