Српски полицајци до 31 август ќе патролираат низ Охрид


ohrid-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во СВР Охрид денеска беше одржан работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија кои од утре до 31 август, заедно со полициски службеници од македонското Министерство за внатрешни работи, ќе спроведуваат заеднички полициски патроли низ Охрид.


Нивниот работен ангажман ќе се реализира врз основа на потпишан Протокол за соработка за време на туристичката сезона во Охрид по што од утре, и официјално ќе отпочне функционирањето на заедничките полициски патроли.

Од СВР-Охрид велат дека заедничките мешовити патроли ќе придонесат за зголемена безбедност на граѓаните како и на српските туристи кои во голем број ги поминуваат своите годишни одмори во Охрид.

Во текот на патролите, српските полицајци  ќе постапуваат во согласност со националното законодавство на РСМ, нема да носат оружје и ќе даваат поддршка на македонските полициски службеници. Српските полицајци, пред утрешното официјалното отпочнување со работа, беа информирани со одредбите од македонските закони за внатрешни работи и за полиција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK