Прв пат досега: Четвртфиналето без трите најтрофејни репрезентации


depositphotos_201910034_xl-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За прв пат во историјата, четвртфиналето на Светското првенство ќе помине без трите најтрофејни репрезентации – Бразил, Германија и Италија.


Со елиминацијата на Бразил во осминафиналето на Светското првенство 2026 против Норвешка, беше испишана нова страница во историјата на Светското првенство. За прв пат по Светското првенство, ниту една од трите репрезентации со најмногу титули, Бразил, Германија и Италија, нема да биде меѓу осумте најдобри селекции.

Германија го заврши натпреварувањето прва. Четирикратниот светски шампион беше елиминиран во 1/16 финалето, откако загуби од Парагвај на пенали. Последната титула Германците ја освоија во 2014 година, кога ја победија Аргентина во финалето.

Бразил, беше елиминиран во осминафиналето, синоќа загуби од Норвешка. Тоа е прв пат по 36 години „Селесао“ да биде запрен во оваа фаза од натпреварувањето. Бразил сè уште е најтрофејната репрезентација во историјата на Светските првенства со пет освоени титули, а последната беше освоена во 2002 година на Светското првенство во Јужна Кореја и Јапонија.

Третиот гигант, Италија, воопшто не се квалификуваше за овогодинешното Светско првенство. „Азурите“, во баражпт беа поразени од Босна и Херцеговина. Италија ја освои последната од своите четири светски титули во 2006 година во Германија.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK