Пејачката и глумица Селена Гомез беше меѓу 1.000-те гости кои присуствуваа на раскошната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келс во Медисон Сквер Гарден. Таа присуствуваше и на поинтимна свадбена проба со околу 100 гости, одржана во четврток вечерта, кога носеше и креација од модната куќа Оскар де ла Рента.
Деталите за скапата свадба на познатата пејачка полека протекуваат, но сè уште нема официјални информации или фотографии од самата прослава.
Selena Gomez glitters in gold Oscar de la Renta at Taylor Swift and Travis Kelce’s wedding https://t.co/XBhFAw6bxK pic.twitter.com/0cz8kdKadP
— New York Post (@nypost) July 4, 2026
За свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келс, таа избра луксузен златен фустан од модната куќа Оскар де ла Рента, покриен со кристали. Елегантната креација имаше тенки прерамки и реси на рабовите. Уште еднаш, Селена со своето модно издание, им покажа на сите хејтери дека коментарите за тоа како е клон, не ја допираат.
Косата ја носеше во мек боб, со краевите дискретно свиткани навнатре, што му даде на целокупниот изглед допир од естетиката на Големиот Гетсби, а стилизирањето го комплетираше со чевли во боја на шампањ, објавува PageSix.
View this post on Instagram
Тејлор Свифт и Селена Гомез се најдобри пријателки речиси две децении. Тие се запознале на двоен состанок со браќата Ник и Џо Џонас. Иако нивните врски со браќата Џонас одамна завршиле, нивното пријателство опстојува до ден-денес.