Возеле без дозвола и под дејство на алкохол, полицијата приведе четворица возачи


liseni-od-soboda-vozaci-vo-stip-kocani-mage.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници лишиле од слобода четворица возачи на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило, информира Министерството за внатрешни работи.


Според МВР, двајца од приведените, во скопскиот и тетовскиот регион, управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, додека останатите двајца, во Скопје и Гостивар, биле затекнати како возат под дејство на алкохол.

По целосното документирање на случаите, против сите четворица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или кога се под дејство на алкохол, со цел да се придонесе за поголема безбедност во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK