Франција без Чуамени во осминафиналето


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелниот вицешампион на Светското првенство, Франција, ќе биде без стандарниот играч од средниот ред Аурелијан Чуамени, во осминафиналната пресметка со Парагвај.

Според француските медиуми, Чуамени, кој требаше да го одигра својот 50-ти натпревар за националниот, се повредил за време на тренингот.


Се очекува францускиот селектор Дидие Дешан да го вклучи Ману Коне во почетниот состав наместо Чуамени.

Добрата вест е дека играчот од средниот ред на Реал нема долга да паузира и дека Светското првенство не е завршено за него, бидејќи прогнозата е дека ќе биде опоравен за понатамошни предизвици за четири дена.

Ману Коне беше стартер против Ирак и Норвешка и играше добро, а Дешан повторно ќе се потпре на неговите квалитети.

Франција и Парагвај ќе се соочат вечерва, од 23 часот по средноевропско време, на стадионот во Филаделфија.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK