Рибар најден мртов во Вардар кај Неготино


633717474_1446085073811444_5341587659545264724_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трагично заврши потрагата по жител на Неготино кој вчера исчезнал додека бил на риболов, откако неговото безживотно тело беше пронајдено во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови.


Од Центарот за управување со кризи информираа дека Регионалниот центар за управување со кризи – Велес добил известување за исчезнато лице во реката Вардар, по што на терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица од Неготино со седум пожарникари, како и полициски службеници.

„Во 20:20 часот, во близина на сепарацијата кај Црвени Брегови, во реката Вардар беше пронајдено безживотно тело, кое е предадено на обдукција“, соопштија од ЦУК.

Од СВР Велес претходно информираа дека во 15:55 часот во ОВР Неготино, 42-годишен жител на Неготино пријавил дека се сомнева оти неговиот 66-годишен татко, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар кај селото Црвени Брегови. Сомнежот се појавил откако не можел да стапи во контакт со него, а при потрагата дел од неговата рибарска опрема била пронајдена во реката.

Полицијата и надлежните институции преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK