Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во работна посета на Општинските организации во Прилеп и Битола


mincev-bitola-prilep-3.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на работното лето на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и реализацијата на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, а согласно одлуките на Централниот одбор, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, оствари работни посети на Општинските организации во Прилеп и Битола.


На состаноците со Извршните одбори во проширен состав се разговараше за тековните активности на организациите, за натамошното јакнење на партиската инфраструктура и за спроведувањето на одлуките донесени од Централниот одбор, известуваат од Движењето ЗНАМ.

Во таа насока, беа реализирани постапките за избор на делегати, како и предлог кандидати за членови на координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени, со што продолжува процесот на кадровско зајакнување и активно вклучување на нови членови во партиските структури.

Во рамки на состаноците беше дискутирано и за двегодишниот отчет за работата на функционерите на Движењето ЗНАМ, при што беше направен осврт на реализираните политики, активностите и постигнатите резултати во изминатите две години.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со интензивни активности на терен, во постојана комуникација со членството и граѓаните, градејќи силно, современо и европски ориентирано движење, кое се залага и работи во интерес на државата и на сите нејзини граѓани, се додава во соопштението од Движењето ЗНАМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK