(Видео) Ана Ивановиќ ги запали мрежите со „изданието за Вимблдон“: Кога не е во бикини, таа е во фустан


14056265.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ана Ивановиќ не сакаше да го пропушти овогодинешниот Вимблдон, а со своите следбеници сподели стајлинг посветен специјално на овој турнир.


Поранешната тенисерка, Ана Ивановиќ, многу често привлекува внимание кон себе со објави на социјалните мрежи, а кога се појавува на еден од големите тениски турнири, секогаш им угодува на своите следбеници. Дури по разводот од Бастијан Швајнштајгер, Ана стана поактивна на Инстаграм, на општа радост на сите оние што ја сакаат.

Во нејзините објави доминираат оние од нејзините патувања, а има и внимателно одбрани модни изданија, како последното што го избра за Вимблдон.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

„Бидејќи деталите го создаваат целиот изглед. Инспирирано од Вимблдон“, напиша некогаш најдобрата тенисерка во светот.

Ана за оваа пригода избра бело здолниште со шлиц, кое го комбинираше со бела кошула. Пораката на оваа боја е јасна, со оглед на тоа дека станува збор за „бел спорт“ и сите тенисерки на овој турнир мора да го почитуваат тоа.

За да ја разбие монотонијата, убавата Србинка се одлучи за впечатливи зелени сандали со ременчиња, а зелена огрлица го даде последниот збор.

Ана Ивановиќ уште еднаш покажа дека, покрај спортот, многу добро се снаоѓа и во модата, што го потврдуваат сите пофални реакции под нејзините фотографии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK