Актерката и режисерка Оливија Вајлд неодамна зборуваше за стандардите за убавина во Холивуд, како и за горливите проблеми со кои се соочуваат жените.
Оливија Вајлд неодамна се појави во подкастот „The Run-Through with Vogue“, каде што зборуваше за својата кариера како режисерка, но и за фактот дека естетската хирургија ѝ ја отежнува работата. Како што истакна, филмската индустрија им наметнува нереални стандарди за убавина на жените, што влијае на физичкиот изглед на актерките.
„Интересно е. Откако станав режисерка, постојано барам актерки кои сè уште можат да ги движат лицата, а тоа не е лесно“, изјави Вајлд за водителката Клое Мал. Сепак, таа нагласи дека не е вина на актерките, туку на индустријата за убавина и естетската хирургија.
Таа призна дека самата е „производ на таа машинерија“ и дека чувствувала ист притисок. „Разбирам зошто луѓето го прават тоа“, рече таа.
Таа, исто така, истакна дека самата се соочила со критики затоа што избрала да не го менува својот физички изглед.
„Луѓето коментираа: ‘Изгледа старо, мртво и грдо’. И потоа си мислиш: ‘Па, по ѓаволите, како е можно да победиш? Тоа е невозможно’“, рече таа.