Делови од Скопје денеска без вода


vodadepositphotos_436186844_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 30.06.2026 поради реконструкција на пумпениот дел во Хидрофор Бардовци и поставување на нова пумпа, прекин на водоснабдување во населното место Бардовци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 01:00 часот до 10:00 часот.


Исто така денеска поради дефект на затворач ф-150 мм на улицата Народен Фронт 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Дом на Печат до улицата Франклин Рузвелт) и дел од улицата Васил Ѓорѓов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK