Вчера во 15:23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Ново Село, скопско, настанал пожар при што биле опожарени ниви со земјоделски култури, како и помошна просторија во која имало домашни животни.
На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која го изгаснала пожарот.
Во настанот нема повредени лица.
Извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.