Единаесет лица загинаа при пад на мал цивилен авион во близина на градот Нанси, во североисточна Франција, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, несреќата се случи во местото Томблен, а станува збор за лесен авион што превезувал група падобранци.
Весникот „Ест репибликен“ објави дека леталото било во сопственост на школа за падобранство. Меѓу загинатите се пилотот, петмина инструктори и пет лица кои биле на обука.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека министерот е на пат кон местото на несреќата, каде што е во тек истрага за причините за падот на авионот.