(Видео) Меси урна уште еден рекорд


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал. Капитенот на Аргентина испиша нова страница во историјата бидејќи стана првиот играч кој постигнал гол во седум последователни натпревари на Светските првенства.

Тој стигна до историското достигнување во натпреварот од последното коло од групната фаза против Јордан, кога во 80-тата минута мајсторски ја затресе мрежата од слободен удар и ги постави конечните 3:1.


Претходно, врз него беше направен прекршок на работ од шеснаесетникот, а потоа со прецизен удар по земја го погоди долниот лев агол од противничкиот гол, низ живиот ѕид.

Со тој гол, Меси стигна до својот 19-ти гол на Мундијалите, со што дополнително го подобри сопствениот рекорд.

Во исто време, тоа беше неговиот 72-ри гол од слободен удар во неговата професионална кариера, односно 12-от што го постигна во дресот на репрезентацијата на Аргентина.

Аргентинскиот ас сега има 123 гола на 202 настапи за националниот тим и е втор на листата на сите времиња на меѓународни стрелци. Само Кристијано Роналдо е пред него со 145 гола.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK