(Видео) Бебе спасено од урнатините по земјотресот во Венецуела


venecuela-zemjotres-epa-14097428.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како спасувачите во градот Ла Гваира го вадат бебето од урнатините и го предаваат на маж за кој се верува дека е нејзин татко. Агенцијата АФП известува дека малку подоцна и мајката на бебето е извлечена жива од урнатините.


Спасувачките операции продолжуваат низ целата земја по двата последователни земјотреси, во кои загинаа најмалку 920 луѓе, додека повеќе од 3.360 беа повредени, објавува Би-Би-Си.

Вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека верува оти спасувачките екипи ќе пронајдат повеќе преживеани.

Според податоците презентирани од Родригез во петокот, се верува дека 172 лица се уште се закопани под урнатините, но десетици илјади луѓе се водат како исчезнати според базата на податоци за пребарувањето спроведено од граѓаните.

Земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија земјата со разлика од помалку од една минута, додека повеќето граѓани беа дома за време на државен празник – жителите ги опишуваат драматичните сцени што ги виделе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK