Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти


sejfsiti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По воспоставувањето на системот „Безбеден град” за само пет месеци бројот на загинати во сообраќајот е намален за 40 проценти, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што истакна Тошковски во отчетот за сработеното, евидентирани се 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период претходната година.


Од 2 февруари до 22 јуни 2026 година преку „Безбеден град” се регистрирани и над 120.000 сообраќајни прекршоци, од кои преку 95 проценти се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.

-„Безбеден град” беше проект за кој со години само се зборуваше. Ние го реализиравме. Опфати модернизација на постојниот систем во Скопје, Тетово, Куманово, коридорите 8 и 10 и негово проширување на национално ниво, преку воведување современи технологии за видео надзор и автоматско детектирање на сообраќајни прекршоци. Особено значајни се првичните резултати од функционирањето на системот. Од почетокот на неговата примена, на 2 февруари 2026 година, во првите пет месеци е забележано намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди за 40 проценти, односно 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период од претходната година. До 22 јуни 2026 година, преку системот се регистрирани над 120.000 сообраќајни прекршоци, од кои повеќе од 95 проценти се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, информира Тошковски.

Со предвидената динамика, до крајот на 2026 година се очекува проектот „Безбеден град“ да биде целосно имплементиран на територијата на државата, опфаќајќи ги поголемите градови и главните патни правци, со што ќе се постават темелите на модерен, ефикасен и превентивно ориентиран систем за заштита на безбедноста на граѓаните.во отчетот за сработеното во изминатите две години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK