Американската војска потврди напади врз Иран


Застрелан-соработник-на-Трамп-во-Вашингтон-Успеал-да-излезе-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека САД ќе одговорат на иранскиот напад врз трговски брод, изјавувајќи „ќе дознаете“, кога беше прашан дали Техеран ќе се соочи со последици.


Кратко потоа, иранските медиуми јавија дека во Сирик, во јужниот дел на Иран, се слушнала експлозија, но не беше познато што ја предизвикало.

Порталот „Аксиос“ објави дека американските вооружени сили извеле напад во Ормуската Теснина.

Подоцна, Централната команда на вооружените сили на САД (ЦЕНТКОМ) потврди дека Вашингтон изврши напади врз Иран.

Според соопштението, американски авиони погодија складишта за ирански ракети и беспилотни летала, како и крајбрежни радарски системи, како одговор на нападот на Техеран врз трговски брод во Ормуската Теснина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK