Шеесет и осумгодишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус во населбата Пржино.
Според информациите од МВР, на 25 јуни во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека Ј.С. (68) од Скопје паднала додека се превезувала во автобус на територија на населбата Пржино.
Тешките телесни повреди биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.