Арсенал го откупи договорот на Инкапије


depositphotos_739471476_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еквадорскиот фудбалер Пјеро Инкапие потпиша повеќегодишен договор со Арсенал, објави англискиот шампион.


Во соопштението се наведува дека Арсенал ја активирал опцијата за откуп на договорот на еквадорскиот играч од Баер Леверкузен, кој ќе стапи на сила на 1 јули.

Инкапије (24) играше како позајмен играч во Арсенал минатата сезона. Деталите од договорот не беа објавени, но британските медиуми шишуваат дека еквадорскиот фудбалер потпишал договор со „топџиите“, до јуни 2031 година, додека Баер Леверкузен добил отштета од 40 милиони евра.

Инкапије одигра 39 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања минатата сезона, а ја освои и титулата во Премиер лигата.

Тој моментално игра за Еквадор на Светското првенство, кое се одржува во САД, Канада и Мексико.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK