Најмалку 235 загинати и 4.300 повредени во Венецуела


depositphotos_51227617_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на околу 235, додека повеќе од 4.300 лица се повредени, изјави денес министерот за здравство Карлос Алварадо.


Алварадо изјави за државната телевизија дека до четврток во 19 часот, здравствените установи згрижиле повеќе од 4.300 повредени лица, од кои повеќето имале полесни повреди, но дека меѓу нив имало и пациенти со тешки и умерени повреди, објави CNN.

Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела во текот на ноќта помеѓу среда и четврток.

Во земјата беше прогласена вонредна состојба, а воздушниот и железничкиот сообраќај беа прекинати, како и наставата во училиштата.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, ја посети државата Ла Гваира, областа најпогодена од земјотресите.

За време на посетата, Родригез одржа состанок со локалните и државните претставници за да ја процени ситуацијата на терен, нагласувајќи дека приоритет е брзо да се донесат оперативни одлуки за заштита на животите на граѓаните и да се обезбеди помош на погодените семејства, објави CNN.

Според соопштението на претседателството, како дел од планот за вонредни ситуации, наредена е мобилизација на тешка механизација и итна дистрибуција на основни потреби, вклучувајќи вода за пиење, храна, душеци и ќебиња.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK