СДСМ: Со најавениот ребаланс, Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот


vlada.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за финансии Гордана Кочоска призна дека во буџетот нема пари. Целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината, велат од СДСМ.


„Со најавениот ребаланс, Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот, и покрај претходните ветувања дека ќе го намалува. Ова не е изненадување. Тоа е директна потврда на она што СДСМ го предупредуваше уште од почетокот на мандатот на оваа Влада. Граѓаните најдобро знаат какво е вистинското состојба на економијата. Доволно е да погледнат во своите паричници и фрижидери. Таму не се гледа „трета економија во Европа“, туку раст на трошоците за живот, пад на куповната моќ и сè поголема загриженост за иднината“, велат од опозицијата.

Додека власта зборува за рекорди и успеси, додаваат од таму, буџетскиот дефицит расте, државата се задолжува се повеќе, а реформската агенда касни.

Истовремено, велат од СДСМ, поради застојот во европските интеграции и намерната изолација на земјата, се пропуштаат развојни можности, инвестиции и средства кои би можеле да ѝ помогнат на економијата и на граѓаните.

„Јавниот долг, кој Владата ветуваше дека ќе го намалува, за две години е зголемен за над 2,5 милијарди евра и се зголемува на 11 милијарди евра. Парите не отидоа за повисоки плати, за мерки за граѓаните и компаниите, ниту за капитални инвестиции. Тие завршија во криминалните партиски тендери на ВМРО. По две години на триумфални изјави за економски раст, вистината е јасна и видлива: со Мицкоски и ВМРО, економијата се движи кон колапс. Наместо одговорна фискална политика, граѓаните добиваат нови задолжувања кои ќе ги плаќаат преку повисоки камати, даноци и поскапи услуги. СДСМ уште еднаш предупредува: оваа Влада нема план за економски развој. Има само план за трошење и задолжување. Граѓаните не заслужуваат да плаќаат цена за нивната финансиска неодговорност и за политиката на изолација која ја турка Македонија назад. Оваа влада нема ниту проевропска ниту развојна економска политика. Наместо за граѓаните, таа работи за криминални тендери, партиски интереси и привилегирани поединци“, велат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK