„Љубојна“ ќе го отвори „Кривопаланечко културно лето 2026“


viber_image_2026-06-22_11-28-25-634.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 24 јуни, Крива Паланка свечено ќе го означи почетокот на „Кривопаланечко културно лето 2026“, манифестација која и оваа година носи богата програма исполнета со музика, уметност, традиција и современо творештво.


Во текот на летните месеци, градот ќе пулсира во ритамот на повеќе од 60 културни и забавни настани: концерти, театарски претстави, изложби, фестивали, детски содржини, креативни работилници и традиционални манифестации кои ќе понудат незаборавни доживувања за сите генерации.

Свеченото отворање е закажано за 24 јуни со почеток во 20 часот на Летната сцена на Градскиот плоштад, каде публиката ќе ужива во концерт на македонската музичка атракција „Љубојна“. Препознатлива по автентичниот спој на македонската музичка традиција и современиот израз, групата ќе приреди вечер исполнета со емоции, силна сценска енергија и уникатно музичко доживување.

Со концертот на „Љубојна“ симболично започнува уште едно културно лето кое ќе ја претвори Крива Паланка во отворена сцена за уметност, креативност и културна размена.

„Со свеченото отворање започнува Кривопаланечкото културно лето 2026, манифестација која годинава носи повеќе од 60 настани и разновидни програми за сите генерации. Нашата визија е Крива Паланка континуирано да ја развиваме како град на културата, уметноста и заедништвото, град кој живее и создава во текот на целото лето“, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Од Општината велат дека низ годините, „Кривопаланечко културно лето“ израсна во силен културен бренд и препознатлив белег на градот, привлекувајќи уметници, културни работници и посетители од целата земја и регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK