(Видео) Руски дрон погоди товарен брод, загина член на екипажот


brod-rusija-screenshot-2026-06-22-083621.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во руски напад со дрон рано утрово бил погоден цивилен товарен брод во турска сопственост кој пловел кон украинско пристаниште. Во нападот загинал 58-годишниот готвач, а на бродот избувнал пожар.


Според украинската морнарица и Управата на украинските морски пристаништа, станува збор за бродот „Виктрес“, кој плови под панамско знаме. По ударот избувнал пожар што предизвикал значителна материјална штета.

Украинските спасувачки служби го евакуирале екипажот на спасувачки сплав. Осуммина морнари биле спасени.

Украинските власти го осудија инцидентот, оценувајќи го како намерен напад врз цивилен поморски сообраќај и кршење на меѓународното право.

Нападот следува само неколку дена откако Киев соопшти дека во одделни руски напади во Црното Море биле погодени уште два цивилни брода, при што едно лице загинало, а неколку членови на екипажите биле повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK