Непознат маж бил спасен откако скокнал во реката Неретва кај Стариот мост во Мостар и исчезнал под површината на водата, јавуваат регионалните медиуми.
Според информациите, инцидентот предизвикал вознемиреност кај бројните туристи и граѓани кои се наоѓале во близина на мостот, но благодарение на брзата реакција на членовите на Клубот на скокачи и кајакарскиот клуб, избегната била трагедија.
На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како спасувачите интервенираат само неколку секунди откако мажот исчезнал под водата.
View this post on Instagram
Идентитетот на лицето засега не е познат, а според локалните медиуми, се претпоставува дека станува збор за странски државјанин.
Стариот мост е една од најпознатите туристички атракции во Босна и Херцеговина и е познат по традиционалните скокови во Неретва. Сепак, експертите предупредуваат дека станува збор за исклучително ризична активност поради големата височина на мостот, силната речна струја и ниската температура на водата.
Ова е втор сличен инцидент на истата локација во последната година.