16-годишно девојче од Штип следено додека шетало покрај Брегалница, па сексуално вознемирувано


bregalnica-depositphotos_232456808_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителството отвори истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче.


„На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и започнал да ја вознемирува и принудува на други полови дејствија. Оштетената исплашена го оттурнала од себе и избегала“, соопшти Обвинителството.

Поради опасност од бегство, оправдан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетената или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK