ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ги следи чекорите на Заев во однос на Бугарија


filipche-zaev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не е тешко да се заклучи што Венко Филипче сака да постигне со неговата гласност за внесување на Бугари во Уставот, со оглед на тоа што СДС секогаш се движи по истата траекторија на национални отстапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.


„Последните уставни измени кои се случија беа за промена на името на државата, за што заслужен беше менторот на Филипче, Заев.

СДС дојде на власт со изгубени избори, со лажни ветувања за европска иднина, а сега Филипче повторно се обидува да ја продаде истата таа приказна.

СДС ја доведе Македонија да биде блокирана на патот кон ЕУ, затоа што на никој од СДС, ниту од претходниот состав на Заев, ниту од овој не толку нов состав на Филипче, не му се приоритет националните интереси ниту македонскиот идентитет.

Филипче сега се обидува да го наметне истото сценарио со Бугарија.

Ставовите на официјална Софија се дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека Македонците и Бугарите се ист народ во две држави и дека македонските револуционери се Бугари.

Со месеци се додворуваше на Бугарија, на Румен Радев, па даваше изјави во јавноста усогласени со бугарското МНР, се нудеше на нив за да некако се продаде кај нив, затоа што од македонските граѓани доби јасни пораки на неколку последователни избори, и знае дека народот нема да го гласа.

Филипче на чело на СДС, е подготвен да ја редефинира македонската историја, затоа што сонува за премиерска фотелја. По примерот на Заев, Филипче исто така кажува дека е подготвен на нова национална отстапка што ќе му ја овозможи оваа фотелја, вели дека ако било до него веднаш би ги вметнал Бугарите во Уставот, без понатамошни гаранции.

Оттука, може да се заклучи дека Филипче ги следи комплетно истите чекори на Заев. Вели дека македонскиот идентитет не бил загрозен што комплетно се коси со ултиматумите кои Бугарија и ги наметнува на Македонија при евроинтегративниот процес.

Филипче би избрал да служи на туѓи држави, да исполнува туѓи агенди, а очигледно и највисокото раководство на СДС се усогласува со ова, со оглед на тоа што лица од ИО на СДС постојано се во комуникација со контроверзни лица и лица кои за цел имаат да шират бугарска пропаганда во Македонија.

Но, ова нема да помине. Филипче и СДС ги потценуваат граѓаните. Граѓаните нема да дозволат уште еден Заев да и се случи на Македонија, нема да дозволат уште една национална отстапка, нема да дозволат понатамошно обезличување на Македонија, пазарење со националните интереси и редефинирање на македонската историја. Народот сака предвидлив евроинтегративен пат, со јасни црвени линии, а не лик кој се однесува како специјален бугарски пратеник на Бугарија во Македонија и кој застапува антидржавни политики само за да дојде на власт и по претходен пример да ја испразни државната каса“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK