Јордан погуби шест лица осудени за тероризам


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јордан денеска погуби шест лица осудени во одвоени случаи за тероризам и тешки кривични дела во кои биле убиени припадници на безбедносните сили.


Владиниот портпарол Мохамад Ал-Момани соопшти дека смртните казни биле извршени по завршување на сите законски процедури и откако пресудите станале правосилни.

Двајца од погубените биле осудени во случајот со таканаречената терористичка „ќелија Салт“ од 2018 година, поврзана со напади во кои загинале припадници на јорданските безбедносни сили.

Еден од осудените бил прогласен за виновен за терористички напад од 2022 година во кој бил убиен висок офицер.

Останатите тројца биле осудени во случаи поврзани со трговија со дрога и вооружени судири за време на полициски акции, при што загинале неколку полицајци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK