(Видео) Јапонија го декласира Тунис


14085935.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Јапонија ја остварија својата прва победа на Светското првенство совладувајќи ја Тунис со 4:0.


Јапонија сега има четири бода во Групата Ф, исто колку и првопласираната Холандија, додека Тунис го заврши натпреварувањето, не освои ниту еден бод, а гол разликата во два натпревари е 1:9.

Тунис, да потсетиме, го отпушти селекторот по првиот натпревар, но тоа не им помогна да не се резилат и во следниот меч.

Момците од земјата на изгрејсонцето доминираа од првата до последната минута, иако не играа премногу квалитетен натпревар, но и немаа потреба.

Тунижаните изгледаа како екипа која не е подготвена да одоговри на предизвикот наречен Мундијал.

Јапонија го реши противникот за половина час. Камада погоди во четвртата, а во 31-та минута зголеми на 2:0 Уеда.

Селекторот на Тунис во новата ера, Ерве Ренар, направи две измени на полувремето и уште една во 65-та минута, но ништо од тоа не му помогна на неговиот тим да направи нешшто конкретно на теренот.

Во 69-та минута, стрелецот на првиот гол, Уеда, испрати феноменален пас до Ито, кој ја комплетираше една од најубавите акции на првенството и го реши прашањето за победникот.

Само 14 минути подоцна, Уеда повторно беше стрелец и го потврди епитетот играч на натпреварот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK