Њукасл одби 90 милиони за Тонали


depositphotos_678229736_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Њукасл ја отфрли понудата на Тотенхем вредна околу 92 милиони евра за италијанскиот играч од средниот ред Сандро Тонали, објавија британските медиуми.


Понудата пристигна на почетокот на неделата, но „страчките“ експресно ја отфрлија можноста за преговори, јасно ставајќи до знаење дека не сакаат да се откажат од еден од клучните играчи во тимот.

Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, има голема желба да го доведе италијанскиот репрезентативец, го означи Тонали како еден од приоритетите во летниот преоден рок.

Двајцата сонародници веќе соработуваа преку репрезентативните селекции, а Де Зерби верува дека токму Тонали би можел да биде важен дел од неговиот проект во Лондон.

Сепак, Тотенхем не е единствениот заинтересиран клуб. Според истите извори, ситуацијата внимателно ја следи Манчестер Сити, кој веќе некое време бара дополнителни решенија во средниот ред.

Тонали има 26 години и има договор со Њукасл кој важи уште три сезони, со опција клубот да ја продолжи соработката за уште една година.

Италијанецот пристигна на „Сент Џејмс Парк“ од Милан пред три години во трансфер вреден 55 милиони фунти.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK