Португалците го критикуваат Роналдо, тој порача: Фокусирај се на она што можеш да го контролираш


ronaldodepositphotos_315474574_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се чини дека незадоволството во португалската репрезентација расте по ремито 1:1 со Конго на Светското првенство, а најголем дел од критиките повторно се насочени кон Кристијано Роналдо.


Иако Роналдо и натаму е една од најголемите икони во историјата на португалскиот фудбал, дел од јавноста смета дека неговите години веќе не му дозволуваат да игра на нивото што го очекува репрезентацијата.

Неговиот соиграч Жоао Невеш изјави дека Роналдо денес е само еден од играчите во тимот.

„Знаеме што направи за репрезентацијата, но во овој момент и тој, како и сите останати, е соиграч кој доаѓа да помогне. Не е поразличен од другите и ќе придонесува како и сите останати“, рече Невеш.

Уште поостар беше новинарот на португалскиот спортски весник A Bola, Нуно Саравија, кој напиша:

„Ти благодариме за сè, Кристијано. Сега е време за заминување!“

По бранот критики, Роналдо се огласи на Инстаграм. Најпрво објави фотографија со репрезентацијата со пораката „Засекогаш обединети“, а потоа и фотографија од свој постер со кратката порака:

„Фокусирај се на она што можеш да го контролираш.“

Објавите се толкуваат како негов одговор на критиките и шпекулациите за поделби во португалскиот национален тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK